Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, истакна дека Бугарија се подготвува да донира 51.000 дози вакцини за Република Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кацаров, Бугарија досега донирала 172.000 дози вакцини за Кралството Бутан и 50.000 дози на Босна и Херцеговина, а се подготвува да продаде 100.000 дози на Кралството Норвешка и 546.000 дози на Португалија.
Пред Националното собрание, бугарскиот министер за здравство изјави дека официјална Софија презела чекори за купување сосема нова австриска вакцина, која се уште чека одобрување за употреба.
Развиена е врз основа на умртвен вирус – објасни Кацаров.
Бугарија аплицираше за вкупно 13.909.963 дози вакцини за 2021 година, од кои 1.183.200 дози се испорачани до 10 август.
Кацаров увери дека на населението во Бугарија му се обезбедува доволен број лекови против Ковид-19 до крајот на годината, како и за 2022-2023 година и затоа Бугарија може да си дозволи да донира и продаде одредени количини за да не истече нивниот датум и тие да треба да бидат уништени.
Неодамна, Кацаров за Бугарското национално радио изјави дека над два милиони бугарски државјани се вакцинирани со првата доза, а нешто повеќе од милион граѓани ја примиле втората доза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.