Министерството за надворешни работи на Бугарија треба да ги објави имињата на оние општествени или политички дејци во  Македонија кои навистина имаат бугарски пасоши, порача бугарскиот професор Светлозар Елдеров, историчар од Институтот за балканистика на Бугарската академија на науките.

Во случајот со Данела Арсовска беа покажувани некакви лични карти и таму едната страна одрекуваше, а другата инсистираше. Мислам дека нашите власти не можат да ја остават без последици таа шашма со симболите на бугарската државност. Во практика, или е вистина, или е лага. И во двата случаја бугарското министерство мора да направи нешто. Политичките лидери за кои се говори некаде јавно, а некаде неофицијално, дека имаат пасоши, треба или сами да излезат и да кажат, или бугарското Министерството за надворешни работи да го направи тоа наместо нив. Бидејќи, да си Бугарин и да имаш бугарски пасош и бугарско државјанство, кога законот тоа го дозволува, не е конспирација, туку чест, достоинство и законско право – вели Елдеров во интервју за бугарското Радио „Фокус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.