Бугарскиот цар Симеон Саксобургски и неговата сестра Марија Луис Хробок покренаа судска постапка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради мораториумот за нивниот имот наметнат во 2009 година од Парламентот. Судот ја објави долгоочекуваната одлука, која не додели надомест на
поранешниот цар и премиер, туку само 5.000 евра за трошоци настанати во случајот.

Сепак, одлуката на судот беше донесена едногласно и со неа Бугарија беше прогласена за виновна за кршење на правото на сопственост затоа што мораториумот забрани комерцијална експлоатација на имотот. Одделно, судот утврди и повреда на правото на фер судење.

Сега бугарскиот парламент е должен да го укине мораториумот воведен пред 12 години за правата на кралските наследници да располагаат со својот имот. Таа забрана беше наметнати од ГЕРБ, Сината коалиција и Атака во 2009 година.

Парламентот имаше можност да го реши прашањето за „кралските имоти“ во 1998 година, но Уставниот суд го прогласи за неуставен Законот за прогласување на имотот на семејствата на поранешните цареви за државен имот.По оваа одлука на Уставниот суд, Саксобургски и неговата сестра ги добија имотите. Помеѓу 1999 и 2004 година, сите „кралски“ имоти, освен ловечката резиденција во Кричим, беа вратени на кралското семејство. Но, ова се случи главно во периодот додека Симеон Саксобургски беше премиер на Бугарија.

Откако Бојко Борисов дојде на власт во декември 2009 година, една од првите одлуки беше мораториумот на правото царот и неговата сестра да располагаат со имотот.

Во три случаи бугарскиот суд одлучи дека одлуката на Уставниот суд од 1998 година не дава директна можност за враќање на „кралските имоти“. Во 2011 година, тогашниот министер за градежништво Росен Плевнелиев, кој потоа стана претседател, ја поднесе првата тужба за враќање на палатата во Врана, по што следуваа повеќе случаи. Сега, државата го изгуби случајот Врана во втор степен.

Иако во судењата државата го доби случајот за Царска Бистрица, на крајот Врховниот суд ја досуди палатата во Боровец на кралот. Државата беше призната како сопственик на дел од имотите, но случајот за 16.500 декари шуми во Рила се уште е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.