Поранешниот дописник на Бугарското национално радио (БНР) во Скопје, Мартин Минков, во коментар за надворешно-политичката емисија „Сабота 150“ на програмата „Хоризонт“ на Националното радио, оценува дека претседателите на Бугарија и Македонија Румен Радев и Стево Пендаровски дадоа знак дека може да се води нормален дијалог со европски пристап – без ултиматуми, но со разумни аргументи да се отвори патот за расчистување на проблемите натрупани во текот на минатата година.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, сепак, Минков смета дека тоа не може да се случи пред 22 јуни, кога е закажан Самитот на лидерите на ЕУ. Тој потсети на изјавата дадена од привремениот премиер и министер за надворешни работи на Бугарија дека позицијата на Бугарија е утврдена со Декларацијата усвоена со консензус од Националното собрание и не може да се очекува промена, барем за време на привремената влада. Според Минков, позицијата на Бугарија е принципиелна, но треба да биде пофлексибилна, што не значи дека треба да подлегне на притисокот.
Минков смета дека не може да се очекува учебниците брзо да се променат во Република Македонија, но според него, може да се очекува брза промена на тонот на разговорите и тонот на однесување на македонските медиуми. Според него, Македонија треба да преземе некои чекори, но е категоричен дека ветото не ги решава проблемите. Потребно е да се инсистира на „патоказ“ и како да се исполни Договорот меѓу Бугарија и Македонија со содржина, коментира Мартин Минков
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.