Бугарскиот министер за животна средина Нено Димов поднесе оставка откако помина една ноќ во притвор по испитувањето за рестрикцијата на вода во градот Перник и увозот на отпад, соопшти бугарската влада.

Неговата оставка ја прифати премиерот Бојко Борисов, пренесува „Ројтерс“.

Во текот на денот се очекува дека Обвинителството ќе соопшти што открило за време на истрагата за министерот и кризата во врска со водата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.