Од нигде никаде, „ничим изазван“, што би рекле Србите, уште помалку во духот на извиканиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, бугарскиот портал „Флагман.бг“ во напис за пандемијата на коронавирус во Македонија на две места ја користи формулацијата „просрпската Македонија“?!

Пандемијата во просрпската Македонија не стивнува – вели медиумот уште во насловот, за „просрпството“ на западниот сосед да проговори и во воведот: Пандемијата од Ковид-19 во просрпската Македонија не стивнува, но  министерот за здравство Венко Филипче увери дека болниците имаат доволен капацитет за прием на пациенти, пишува ‘Независен весник’, цитиран од БТА!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.