Бугарски државјанин се расплака пред камерата на Сител. Тој во живо положи свежо цвеќе пред Амбасадата на Македонија во Софија, но откако беше прашан за трагедијата не можеше да ги сокрие солзите.

-Навистина Бугарија е многу потресена од оваа трагедија. Бугарија се сочувствува, тоа се гледа. Запалив цвеќи кои се изгаснаа како што изгаснаа и многу души. Навистина многу голема трагедија. Јас сум многу растроен од тој факт. Бугарија е со вас, рече бугарскиот државјанин.

Моментот можете да го видите на видеото подолу некаде во 16-та минута во вестите на Сител:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.