Бугарскиот професор Кирил Топалов, кој е член на мешовитата македонско-бугарска историска комисија, вели дека поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски треба да ги отвори очите на сограѓаните, а не на народот во Бугарија.

„Љубчо Георгиевски треба да се бори за каузата за која зборува, но не во Бугарија, туку во Република Македонија. Во Бугарија сме свесни за историската вистина и тој нема што да ни ги отвора очите“.

Поранешниот премиер најави дека ќе оди во Бугарија за да разговара со томашните власти за односите со Бугарија.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.