Бугарија официјално протестираше поради „навредливите“ изјави на францускиот претседател Емануел Макрoн искажани во интервју за десничарскиот весник Valeurs actuelles во кои се споменуваат „бугарски банди“ и „илегални активности“.
Макрон во споменатото интервју, говорејќи за миграциските политики на Франција, вели дека „повеќе сака да има илегална, регистрирана миграција, со квоти, во текот на икс години, отколку илегални активности“.
Повеќе сакам да имаме луѓе кои илегално доаѓаат од Гвинеја или Брегот на слоновата коска и кои доаѓаат да работат, наместо бугарските и украинските банди“, додава Макрон.
Бугарската министерка за надворешни работа Екатерина Захариева побарала од бугарскиот амбасадор во Франција да предаде протестна нота во француското министерство за надворешни работи.
Сметам дека тоа што го кажа претседателот Макрон е навредливо за бугарската заедница во Франција“, изјави Захариева.
Во истиот контекст француската амбасадорка во Софија е повикана во понеделник во бугарското министерство за надворешни работи да изнесе објаснување за некои наводи од ова интервју.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави во саботата дека се слушнал со Макрон, кој објаснил дека неговите зборови се погрешно протолкувани.
„Ме убеди дека не ги критикувал бугарските државјани, работници или институции… Како премиер нема никому да дозволам да го навредува нашиот народ и се надевам дека таквата ситуација нема да се повторува“, напиша Борисов на фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.