Вечерва беше потпишан коалициски договор меѓу лидерите на „Продолжуваме со промените“ со БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“, јавува 4news, со што се става крај на преговорите, а се очекува веќе утре, на претседателот Румен Радев да ѝ го предаде на партијата мандатот за кој собранието веројатно на вонредна седница ќе гласа во понеделник.

Коалицијата, која контролира 134 од 240 места во парламентот, ги вклучува и социјалистите, либералната коалиција, наречена Демократска Бугарија и „Има таков народ“, антиестаблишмент партија предводена од шоуменот Слави Трифонов.

– Договорот „ќе даде шанса оваа коалиција да биде здрава и да работи долго време“ – рече Кирил Петков од ПП.

Договорот кој го потпишале четирите партии има околу 140 страници. Ова е најдеталниот коалициски договор за правење на влада во поновата бугарска историја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.