Бугарската полиција вечерва ги потисна демонстрантите кои цел ден се собрани и протестираат пред зградата на Народното собрани во Софија, во обид да го зголеми периметарот што го обезбедува, јави  БГНЕС. Приведени се неколку лица, а повеќемина се повредени. Претходно, демонстрантите, кои ја бараат оставката на бугарската Влада и на премиерот Бојко Боприсов, цела вечера фрлаа петарди и други тврди предмети врз полицијата.

Во настапот на специјалните единици на полицијата не беше употребена сила.

Во денешните целодневни демонстрации, според софиската Служба за итна медицинска помош, повредени се 55 лица, од кои десетина се полицајци. Полицајците беа прегледани на самото место, а станува збор за повреди од петардите и фрлените предмети врз нив, јави Нова ТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.