Бугарската еврокомесарка за иновации, истражувања, култура, образование и млади, Марија Габриел, соопшти дека е позитивна на корона вирусот.

По првиот негативен тест на Ковид-19 во понеделникот, мојот втор тест беше позитивен. Од понеделник јас сум во изолација и ќе останам дома, по утврдената процедура. Грижете се за вашето здравје – напиша Габриел на Твитер.

Бугарската политичарка е првиот член на Европската комисија заразен со корона вирусот, иако неколкумина од нив објавија дека се во самоизолација.

Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лајен и посака на Габриел брзо закрепнување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.