Бугарите ширум Европа излегуваат на протест. За денеска напладне е закажан првиот протест во Берлин, а Иницијативниот комитет најавува дека ќе следат уште два во декември – во Париз и Брисел.
Претседателот на Иницијативниот комитет, Живко Чакракчиев, смета дека надлежните работеле во насока за добри меѓусебни односи со РСМ, но од политички аспект некои работи не функционираат.
„Како претставници на младите и патриотите сакаме да се знае дека не нѐ интересира што се случило во историјата. Тоа е многу важно, но ако почнеме да се расправаме за тоа, нема да постигнеме ништо. РСМ еден ден треба да стане членка на ЕУ, но нека биде тоа на европски начин. Секој што не се согласува со слободното постоење на Бугарите, треба да разбере дека на тој начин не може“, изјави за БНР претседателот на Иницијативниот комитет.
Студентите собрани околу оваа иницијатива, во обраќање до Европската комисија, велат дека нивен интерес се исклучиво човековите права, објави “Дојче Веле“.
„Не сакаме да се обидуваме да им диктираме на политичките елити од Република Македонија, кои се тие според етничкото потекло, какво е потеклото на официјалната литературна норма во Скопје и.т.н. Но, настојуваме овие политички елити да престанат да ги погазуваат човековите права на луѓето што декларираат бугарско потекло, бугарски идентитет и бугарска националност во РСМ. Луѓето, кои имаат несреќа или барем голема непријатност да бидат Бугари во Република Македонија и не сакаат да ја прикриваат нивната самоидентификација, во повеќето случаи се и бугарски државјани, што значи дека се и граѓани на Европската Унија. Ние се обраќаме кон Европската комисија, со повик ефективно да ги заштити човековите права на тие свои граѓани“, се вели во студентското протестно обраќање до ЕК, објавено на сајтот justice-for-bg-in-mk.org.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.