Седумнаесети ден по ред демонстрантите кои бараат оставка од владата и државниот обвинител денеска се собраа во Софија на протест.
Тие попладнево го запреа сообраќајот во непосредна близина на зградата на Националното собрание и пред претседателството, скандирајќи го барањето „Оставка“, пренесе БТА.
Под две недели непрекинати протести премиерот Бојко Борисов неделава ја реконструираше владата, но демонстрациите продолжуваат со барање оставка од целата влада. Претседателот Румен Радев, исто така, побара оставка од владата пред десетина дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.