До 15 јануари возачите нема да бидат казнувани доколку на патиштата во Бугарија се движат без вињетки. Поради лошиот старт и грешките при подигнувањето на системот од агенцијата „Патна инфраструктура“ најавија дека до 15 јануари ќе биде во сила грејс период во кој возачите без вињети нема да бидат казнети, туку ќе им се објаснува како да ги купат.

Од вчера електронските вињетки може да се купат во некои трговски дуќани во малопродажната мрежа и на поголемите бензински пумпи.

Во моментот во Бугарија вињети може да се купат на четири начина: од апарати за самонаплата, на сајтот www.bgtoll.bg, на каса во канцелариите на Обласните патни канцеларии и преку мобилните апликации на мобилниот оператор „А1″. Електронските вињети се купуваат и од шалтери на големите бензински пумпи, поголемите супермаркети и во Бугарската пошта.

На терминалите за самонаплата, покрај бугарски јазик, може да се избере опција на англиски, германски, романски, српски, грчки, турски и руски, но не и на македонски јазик, иако голем број Македонци патуваат кај источниот сосед, особено во зимските и бањските центри.

Се очекува до крајот на месецот терминали за самонаплата и каси да има и на сите гранични пунктoви, како на банкоматите за подигање пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.