Во Грција за 300 евра се продаваат лажни бугарски ковид сертификати.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави прилог за начинот на кој работат наводни бугарски измамници. Се вели дека клиентите на шемата се најчесто од северна Грција.
Според „посредникот“ за 300 евра и кратка посета на Софија секој може да добие европски сертификат за вакцинација. Грчките власти велат дека внимателно ги следат вакцинираните Грци со постојани адреси во Грција, кои презентираат потврди од Бугарија и Романија. Неодамнешните законски измени предвидуваат тешки кривични и финансиски санкции за незаконски дејствија поврзани со тестирање и вакцинација. И Грција деновиве урива рекорди со бројот на заразени. Во Бугарија болниците се преполни со ковид пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.