Од утре, 1 јули, Бугарија воведува нов режим за влез на странци во државата при што земјите ќе бидат поделени на црвена, портокалова и зелена зона во зависност од развојот на пандемијата во нив. \
Tехничкиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, објасни дека одлуката во која зона ќе бидат државите ќе биде донесена врз основа на бројот на пациенти и процентот на позитивните тестови во нив.
Списокот на земји по зони на бои се утврдува врз основа на објавени информации од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) – за земјите-членки на Европската Унија и Европската економска област (ЕУ и ЕЕА), СЗО и Центарот за контрола на болести – Атланта, САД .
За државите од каде нема податоци или недоследност во податоците, официјалните податоци ќе се добиваат преку податоците објавени на веб-страниците на националните здравствени власти.
Списокот ќе се анализира најмалку еднаш неделно и ќе се ажурира во понеделник, а доколку е потребно, и почесто ако се влоши состојбата со епидемијата во државата.
Луѓето кои се од ржавите во Зелената зона влегуваат со најлесен режим, во Портокаловата зона имаат малку построг режим, па дури и да имаат сертификат, некои од луѓето, по случаен избор, ќе се вршат дополнителни тестови. А, оние што се во црвената зона нема да им биде дозволен влез во Бугарија – објасни Кацаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.