Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, најави дека од утре, во земјата ќе се воведат нови мерки во борбата против епидемијата на ковид-19.
За сите собири со луѓе во затворен простор ќе биде потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележана болест или негативен ПЦР тест. Нема да биде потребен таков сертификат за самопослугите, банките и аптеките Сертификат нема да биде потребен и за деца под 12 -годишна возраст.
Сите бизниси кои не сакаат да го прифатат овој метод, едноставно нема да работат, изјави министерот Кацаров.
Сертификатите стануваат задолжителни за вработените во домовите за стари лица, центрите за дијализа и болниците во Бугарија.
Кацаров најави дека покрај тоа што ќе се контролираат местата, ќе се контролираат и лабораториите што издаваат потврди за вакцинација.
Доколку се најде лажен сертификат, ќе ја одземеме лиценцата за лабораторијата што ја издала, рече Кацаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.