Бугарија ќе ја укине можноста за купување на државјанство од страна на странци, по критиките на Европската комисија. Промените во Законот за бугарско државјанство, чиј автор е Министерството за правда, беа усвоени во вторникот.
Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст, се наведува во соопштението на Министерството.
Оттаму наведуваат дека од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство.
Бугарија е една од трите членки на ЕУ, заедно со Кипар и Малта која продава државјанства за одредени инвестиции, како и права на престој.
Европската комисија претходно предупреди дека ваквиот систем на продажба на државјанства создава услови за влез на банди од организираниот криминал во блокот и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и затајување на данок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.