Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, повторно предизвика силни реакции со одлуката за преименување на улиците во градот, коментира бугарската медиумска агенција БГНЕС, која бара да се променат називите кои го носат името на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.

Имињата на најпознатите водачи на националното ослободително движење, вклучително и учесници во солунските напади, се избришани од градот. Веќе нема да има улица во Скопје именувана по Борис Сарафов, кој заедно со Даме Груев и Анастас Лозанчев го предводеа штабот на Илинденското востание во 1903 година. Павел Шатев, еден од солунските атентатори, бил протеран од градот. По 1945 година, тој бил испратен во егзил од режимот на југословенскиот диктатор Јосип Броз Тито, а неговото тело било фрлено во дворот на црквата во градот Битола.

За да биде доследен во своите одлуки, Шилегов, кој организираше „историски патувања во Скопје во спомен на Тито“, врати улица именувана по водачот на болшевичката револуција во Русија во 1917 година, Владимир Илич Ленин.

И денес македонската престолнина е единствениот град во Европа каде се среќаваат улици и булевари со имиња на комунистички лидери, вклучувајќи го и диктаторот Тито. Не постои ниту една улица во градот именувана на барем еден од десетиците илјади прогонувани и убиени од 1945 година. Со имињата на комунистичките водачи, има многу фабрики, училишта, па дури и културни центри.

По распадот на Советскиот Сојуз, дури и во Русија, старите имиња беа обновени, вклучително и Санкт Петербург, кој Сталин го преименуваше во Ленинград, пишува БГНЕС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.