Во последните 24 часа од Ковид-19 во Бугарија починале 334 лица, што е втор најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата во Бугарија, во март 2020 година.
Дури 94,31 отсто од новите смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија не биле вакцинирани. Во последното деноноќие со коронавирус се заразиле 5.286 бугарски граѓани, што е речиси 11 отсто од тестираните со ПЦР или антигенски тестови.
Според податоците на Единствениот информативен портал во Бугарија, меѓутоа бројот на новозаразени е 721 помалку од пред една недела.
Секој вторник здравствените власти во Бугарија објавуваат најновите податоци за новозаболени поради изедначување на податоците со тие од викендите.
Извршени се 48.136 тестирања, од кои 6.620 се со ПЦР, а 41.516 се антигенски.
Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заболени вкупно 638.048 лица, во болниците се сместени 8.516 лица, од кои 723 се на Одделенијата за интензивна нега. Само во текот на изминатито ден оздравени се 3.496 лица, со што вкупниот број се зголемува на 498 339.
Дозите на испорачани вакцини во Бугарија сега изнесува 2.978. 843, од кои за последниот ден се инјектирани 13.290.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.