Бугарскиот претседател Румен Радев оствари разговор со својот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.
За да се вклучат бугарските спасувачи и војската, владите на двете земји треба да се договорат за вклучување бугарска противпожарна опрема за да помогнат во контролата на ситуацијата во Кочани, наведено е во соопштенето.
За време на разговорот, Радев го запознал Стево Пендаровски со комплицираната ситуација со пожарот и во Бугарија, но тој изразил подготвеност Софија да пружи помош.
Владата во Софија соопшти дека утрово техничкиот бугарски премиер Стефан Јанев остварил телефонски разговор со неговиот македонски колега Зоран Заев, при што разговарале за пожарите во близина на Кочани.
Бугарскиот премиер изразил подготвеност, доколку е потребно, Софија да ја поддржи Република Македонија во справувањето со огнената стихија. Јанев му укажал на Заев дека во неколку делови на Бугарија противпожарни служби исто така се борат со пожари. Контролирањето на ситуацијата со пожарите во Бугарија е приоритет, се вели во соопштението на бугарската Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.