Во изминатите 24 часа во Бугарија се потврдени 819 случаи на корона вирус од 5.898 тестирани граѓани. Тоа е првпат бројот на новозаразени со Ковид-19 во Бугарија да надмине 800.
Според податоците објавени на официјалната веб-страница „coronavirus.bg“, вкупниот број на заразени во Бугарија достигна 26.593, .
Во моментов има 9.175 активни случаи, а стапката на позитивност е 13,88 проценти.
Хоспитализирани се 1.380 пациенти, а 67 од нив се на интензивна нега.
Во последното деноноќие се регистрирани уште шест нови смртни случаи, со што од почетокот на пандемијата починале вкупно 929 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.