Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 4.054 нови случаи на Ковид-19, што е за 13 повеќе од претходниот ден. Тоа е најголема дневна бројка од почетокот на епидемијата.
Во истиот период се регистрирани и 54 нови починати пациенти.
Како што соопшти Министерството за здравство, од последниот пресек, се тестирани 13.203 примероци.
Најголем број на новозаразени има во Софија – 1.477.
Од почетокот на епидемијата во Бугарија има вкупно 64.591 заразени, од кои 1.466 луѓе починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.