Бугарија го блокира важниот договор за гранично управување меѓу Македонија и европската служба за безбедност, Фронтекс, а проблемот во „македонскиот јазик“, пренесува веникот „Дневник“, повикувајќи се на изјава од портпарол на Европската комисија.
Се работи за договор за кој разговорите се почнати во јули 2018 година и кој му овозможува на Фронтекс да спроведува операции и да испраќа свои тимови во граничните региони на ЕУ со цел справување со нелегалната миграција.
Црна Гора и Србија, како што пишува весникот, веќе имаат склучено вакви договори кои се применуваат од ова лето, а со Албанија уште во мај лани кога Фронтекст ја започна првата операција на територија на земја сосед на ЕУ која се уште не е членка.
Договорот со Фронтекс е втората тема за која Бугарија поставува пречка за Македонија на европско ниво. Првата е почетокот на преговорите на Скопје со ЕУ, условен со напредок во однос на спорните прашања од историјата, употребата на ‘македонски јазик‘ и теми како што е македонското малцинство кое Македонија има обврска да не го промовира и поддржува според Договорот за добрососедство. Во рамковната позиција на Бугарија се бара Македонија да се воздржи од употребата на изразот ‘македонски јазик‘, чие постоење Софија не го признава, пишува бугарскиот весник.
Во текстот уште се додава дека основното барање на Софија до Скопје е придржување кон Договорот за добрососедство но, иако позицијата на Бугарија за македонскиот јазик е позната е со години непроменета, тоа не е дел од Договорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.