Бугарија најави дека ќе ја блокира Србија за членство во Европската унија а повод повторно е Македонија.Конкретно од Србија се бара да ги осуди злосторствата извршени врз народите на како што велат Бугарија „поробена Југославија“.
Ветото го најави нам добро познатиот Ангел Џамбаски кој бара од претседателот на српското Соборание да објасни за работата на југословенските специјални служби и за „окупираната“ Југославија .
Господинот Дачиќ треба да одговори на прашањата против кога се крена тиквешкото востание (востание на ВМРО во Македонија против Србите во 1913 година) и кога Србија ќе ги отвори досиејата на Управата за државна безбедност (УДБА) и Одделот за заштита на народот (ОЗНА). Република Србија исто така мора да објави кога ќе ги осуди злосторствата извршени врз народите на поробена Југославија. „Бидејќи секоја желба за влез во ЕУ има своја цена“, напиша бугарскиот европратеник на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.