Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека неговата земја и натаму тежнее кон воведување на еврото до 2022 година, и покрај противењето на некои домашни претпријатија кои стравуваат од јакнење на економските контроли, информира МИА.

Борисов, на еден од деловните форуми во Софија, рече дека една од големите придобивки од усвојување на еврото е таа што банкарскиот систем ќе стане подисциплиниран.

Како дел на еврозоната, големите банки во Бугарија ќе се најдат под надзор на Европската централна банка, а не националните власти, кои понекогаш можат да бидат и поблаги.

Мораме да го направиме тоа што е исправно, што и да се случи – им порача Борисов на противниците на тој план.

Претседателот на ЕК, Валдис Домбровскис, кој е задолжен за еврото, ги поздрави плановите на оваа балканска земја за приклучување во зоната на еврото.

Бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов изрази надеж дека Бугарија ова лето ќе влезе во европската банкарска унија и во т.н. двегодишната чекалница, која води кон влез во еврозоната.

Тоа би требало да овозможи земјата да го воведе еврото во јануари 2022 година – истакна Горанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.