Постои цела листа формални услови на кои тренба да се работи за Скопје да ги исполни условите за пристапување во европското семејство. Бугарскиот претседател Румен Радев уште еднаш повтори дека треба да се работи на тоа младите во двете земји да не се мразат едни со други.
Кога ја формирав привремената влада, им поставив задачи на привремените министри за туризам, за образование и за надворешни работи, да размислуваат како да ги зближиме нашите млади луѓе. Наместо да плаќаме за мерки за одржување на туризмот во живот, државата треба да им даде пари на оние хотели, кои ќе обезбедат целосна поддршка за деца, ученици, како од Бугарија така и на нашите пријатели од Република Македонија, рече Радев и додаде дека ја споделува идејата со македонскиот претседател Стево Пендаровски за време на нивната заедничка посета на Рим.
Тоа, истакна бугарскиот претседател, ќе биде исклучително важен чекор што ќе ги отвори вратите на двете земји кон одржлива и стабилна иднина.
Во него ќе имаме пријателство не со документи, ниту со декларации, туку вистинско пријателство и почит кон луѓето од двете страни на границата, додаде Радев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.