Тричлен совет на Окружниот суд во Ќустендил одлучил да им го предаде на властите на Австрија македонскиот државјанин Јовановски Ј., согласно европската потерница издадена од Обвинителството во Виена, соопшти градскиот суд.

Барањето за притвор и екстрадиција на лицето е со цел кривично гонење и се однесува на две кривични дела, учество во организирана криминална група и нелегална трговија со дрога и психотропни супстанци. За овие кривични дела се предвидува затворска казна до 15 години.

Бараниот пред судот во Ќустендил соопшти дека сака веднаш да им биде предаден на австриските власти. Судот ќе ја користи законската одредба во Австрија да може да му се суди само за споменатите кривични дела.

Окружниот суд Ќустендил ја потврди и мерката притвор изречена против македонскиот државјанин до неговото предавање на Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.