Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев синоќа изјави дека бара начин за смена на двајцата началници на специјалните служби по скандалот со прислушуваните опозициски политичари, јави дописникот на МИА од Софија.

Постои постапка, но ќе се побара опција за нивно отстранување и ставање на ново раководство и започнување на овие служби да работат во интерес на граѓаните, во интерес на државата, а не во туѓи интереси, какви и да се, посочи Јанев.

Партијата Демократска Бугарија објави дека 32 политичари, вклучително и носители на листи на изборите на 4 април, биле прислушувани и следени.

Обвинителството на градот Софија вчера нареди да се спроведе истрага поради наводите за прислушување на политичари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.