Вонредната состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни. Тоаа го изјави денеска премиерот Бојко Борисов во Советот на министри. Тој додаде дека ќе има наредба за тоа до крајот на денот.

Мораме да се навикнеме да живееме со овој вирус – рече Борисов.

Главниот државниот санитарен инспектор, Ангел Кунчев, побара вчера продолжување поради зголемен број случаи на зараза со новиот коронавирус, утврдени во последните денови во општините Родопи и Сливен.

Но, во практика од 15 јуни почнува отворање театри, кина – на 50 отсто или преку седиште, маските во јавен превоз остануваат задолжителни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.