Европскиот парламент усвои извештај со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген зоната, затоа што ги исполниле условите. „За“ приемот гласаа 505 европратеници, 134 беа „против“, а 54 беа „воздржани“, се наведува во соопштението на ЕП.

Според резолуцијата на ЕП и Хрватска ги исполнува сите услови за влез во шенген зоната, но исто така се повикува Загреб да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“.

ЕП повика на продолжување на слободното движење во рамките на шенген зоната, што беше прекинато од пандемијата со Ковид-19.

Европратениците истакнаа дека некои проверки на внатрешните граници извршени од 2015 година се незаконски. Според нив, Европската комисија треба да поведе постапка.

ЕП е загрижен за извештаите за мигрантите кои ги одбива граничната служба Фронтекс на надворешните граници на Шенген.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.