Бојко Борисов, популистичкиот водач на Бугарија, се соочува со народен бунт кој нема да исчезне. Веќе повеќе од два месеци илјадници Бугари излегоа на улиците на Софија и ја побараа неговата оставка. Тие го осудуваат неуспехот на владата да се справи со раширената корупција, влијанието на организираниот криминал и отсуството на основни стандарди на демократијата, пишува поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, за „Политико“.

Борисов и неговите помошници реагираа на масовното искажување на незадоволство придржувајќи се поцврсто кон моќта. Соочени со недостаток на напредок и покрај повеќенеделниот немилосрден притисок, крајно време е Европа да стави до знаење дека стои покрај народот на Бугарија и пред молбата за вистинска демократија и да преземе конкретни чекори за да им помогне да ја постигнат таа цел. Бугарија има површна слика за демократска нација, но во реалноста, нејзината политичка и судска структура е скапана во сржта, пишува Пердју во неговата анализа.

Поранешниот амбасадор на САД во Бугарија вели дека откако земјата ја усвои парламентарната демократија во 1991 година, политичките партии, движењата и владите дојдоа и си заминаа, игнорирајќи ги очекувањата на јавноста за основните елементи на демократијата. Под владата на Борисов, ситуацијата се влоши на уште полошо.

Борисов создаде систем со многу од обележјата на еднопартиската држава. Тој ефикасно ја уништи политичката опозиција во земјата преку широко распространета употреба на заплашување, локална корупција и наводно купување гласови на масовно ниво во заедниците. Владејачката партија – партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) – постепено ја консолидираа моќта на сметка на демократијата и развојот, вели тој, додавајќи дека иако Борисов сака да се претставува како популист, неговите методи се авторитарни.

Според Пердју, полицискиот и судскиот систем се во голема мера под контрола на Борисов и владеачката партија.

Систем направен за масивна корупција. Како што знаат демонстрантите, тоа е исто така систем што ја задушува индивидуалната иницијатива, ги замолчува медимуните и ги обесхрабрува странските инвестиции. Тоа ги охрабрува младите Бугари да ја напуштат својата земја за да ја пронајдат својата иднина во поотворени, демократски општества на друго место, пишува тој во анализата за „Политико“.

Понатаму во анализата тој вели дека Европа, ако се грижи за заштитата на демократијата, сега треба да преземе водечка улога во поддршката на нивните барања за промена.

Според него, за жал, Вашингтон нема да помогне во подобрувањето на демократијата во Бугарија сè додека Доналд Трамп е во Белата куќа.

Американскиот претседател не покажа интерес за промовирање на демократијата за време на неговата администрација и тоа тешко дека ќе се промени со наближувањето на изборите во САД, пишува Пердју.

Тој додава дека ЕУ, која обезбедува огромни субвенции за Бугарија, има средства и интерес да се спротивстави на отсуството на владеење на правото, слободата на медиумите и другите основни елементи на демократијата во Бугарија. На крајот на краиштата, фондовите на ЕУ подложени на злоупотреба и корупција потекнуваат од даночните обврзници на нациите на ЕУ, а ЕУ има одговорност за обезбедување на безбедноста на тие средства.

На краток рок, европските нации и ЕУ треба да ја признаат легитимноста на јавните демонстрации во Бугарија и слабостите на демократијата во нацијата. Како втор чекор, ЕУ треба да објави дека ќе спроведе интензивна истрага за употребата на средства од ЕУ во Бугарија и дека ќе воведе законски упати и казни. Трет чекор треба да вклучува следење на изборите, преглед на слободата на медиумите и предлози за спроведување на реформите во судството во Бугарија, вели поранешниот амбасадор на САД во Бугарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.