Бугарија во последното деноноќие регистрира рекорден дневен број на заразени и смртни случаи од корона вирус. Во последните 24 часа во Бугарија со коронавирус се заразени 5.863 лица, а 243 починале, покажуваат официјалните податоци.
Досега во земјата со околу седум милиони жители, од Ковид-19 починале 23.316 луѓе.
Бугарија, која има најнизок процент на вакцинирано население во ЕУ, воведе задолжителни здравствени пропусници за повеќето затворени јавни места поради ширењето на инфекцијата и слабата покриеност со вакцинација.
Ограничувањата предизвикаа протести, а некои политички партии ја обвинија преодната влада за лошо управување со пандемијата пред изборите на 14 ноември.
Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24 отсто од населението, додека просекот во ЕУ е 74 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.