Вицепремиерката и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, нареди амбасадорот на Република Турција во Република Бугарија, Хасан Улусој, да биде повикан во МНР во понеделник, за да даде објаснување за изјавата со која повика бугарската држава да промовира учење на турски јазик како странски јазик .

Од бугарското МНР оцениле дека „зборовите на амбасадорот звучат застрашувачки, бидејќи бугарската влада никогаш не спречувала слободна учење на страннски јазици. Турски јазик може да се изучува во училиштатакако и англиски, германски, француски, кинески, јапонски, романски, руски, хебрејски“, пренесува агенцијата БГНЕС.

Од Министерството додаваат дека таква изјава од амбасадорот на соседна и партнерска држава како Турција не одговара на очекувањата на Република Бугарија за тоа на кој начин треба да се развиваат добрососедски и пријателски односи.

Извор: БГНЕС



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.