Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 104 новизаболени лица од Ковид-19. Тоа е највисокиот број заразени од почетокот на епидемијата и од пикот во април кога беа регистрирани 90 новозаболени.
Вчера владата објави дека ако бројот на новозаболени биде повисок од 100 три дена по ред ќе дојде до ново затегање на рестриктивните мерки.
Во земјата вчера не се регистрирани смртни случаи. Вкупниот број заболени изнесува 2.993 лица, додека излекувани се 1.664.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.