Педесет и двегодишната Невенка Маргета од Сплит, во моментите кога доаѓала да го отвори угостителскиот објект каде што повремено работи, брутално била нападната и претепана од непознато младо лице, пренесува „Slobodna Dalmacija“.

Мажот бил уапсен по интензивно потрага.Жената не го ни отворила кафулето, а од зад грб и пришол еден маж љубезно ја замолил да му даде чаша вода. Невенка тргнала да го отвори шанкот и да му даде вода, а помладиот човек со цела сила почнал да ја удрира со шише по главата.

Тој потоа дивјачки ја претепува и со боксови и клоци, а нападот веројатно ќе траел дури и подолго ако не интервенираше еден странски турист и некои други жени кои оделе на плажа.

Според последните информации, мажот бил уапсен по интензивно пребарување од полицијата и специјалните служби, а според хрватските медиуми, тој претепал и други две жени. Според Слободна Далмација, полицијата го пронашла во околината на Сплит со помош на кучиња трагачи и беспилотни летала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.