Словенечките здравствени власти соопштија дека уште три лица починале во земјата како последица од коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, се работи за постари луѓе, а дел од нив биле едни од заразените од Домот за стари лица во Шмарје при Јелшах.

Во меѓувреме од Националниот институт за јавно здравје потврдија 70 нови случаи на лица заразени со коронавирусот со што вкупниот број заразени сега изнесува 632. Од инфицираните со коронавирусот болнички се лекуваат 90 лица, а на интензивна нега се само 22 пациенти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.