Веста за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово предизвика реакции од бројни јавни и политички личности во Косово, кои изразија жалење и сочувство до семејствата на загинатите во несреќата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изрази на сочувство, меѓу другите, упатија претседателот на Косово, Хашим Тачи и првиот парламентарец, Кадри Весели.
Најдлабоко сочувство за семејствата на жртвите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје-Тетово, а на повредените им посакувам што поскоро оздравување. Им изразувам сочувтсво и на водачите на институциите и на сите граѓани на Република Севрна Македонија – напиша Тачи.
Претседателот на Собранието изрази сочувство од свое и од името на законодавниот дом на Косово.
Тажна е веста за тешката трагедија што се случи денеска на автопатот Скопје-Тетово. Од мое име и од името на Собранието на Република Косово им изразувам сочувство на семејствата на жртвите во оваа трагедија и им посакувам брзо оздравување на сите повредени – напиша Весели.
По повод трагедијата во Македонија, и Владата на Косово ја почна денешната седница со едноминутен молк.
Веста, заедно со слика од почетокот на седницата, на својот Фејсбук ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој претходно, синоќа, преку социјалната мрежа изрази жалење за жртвите.
Шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, изразувајќи им сочувтсво на семејствата на загинатите, порача дека се моли за што поскоро заздравување на повредените.
Длабоко жалење за жртвите и сочувство до нивните семејства преку соопштенија изразија и партиите Социјалдемократска иницијатива (Нисма) и Движење Самоопределување (ВВ), а Демократскиот сојуз на Косово објави телеграма со изрази на сочувство од нејзиниот претседател Иса Мустафа.
За трагедијата интензивно информираат и сите косовски медиуми, а преку социјалните мрежи реагираа и бројни личности од јавниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.