Директорот на албанскиот национален ургентен центар, Скендер Братај, упати апел до граѓаните, да се вакцинираат во што поглем број, зашто според него, секоја вакцина заштитува од новите варијанти на вирусот.
„Со пристигнувањето на есента бројките на заразени во земјата ќе почнат да се зголемуваат, иако не очекуваме есенскиот бран да биде со ист интензитет како претходните. Затоа апелирам да се вакцинираат граѓаните, посебно младите со која било од вакцините, зашто само тие се најефикасното оружје против опасниот вирус“, рече Братај гостувајќи во емисија на Њуз 24.
Тој потврди дека има сигнали за појава на делта сојот во Албанија, додевајќи дека се очекуваат резултати од референтната лабораторија во Германија.
„Чекаме потврда од референтната лабораторија од Германија за случаите за кои се сомневаме дека се заразени со делта“, рече тој.
Запрашан дали Комитетот на експерти размислува за укинување на мерката за забрана на музика во угостителските објекти тој рече дека засега не размислува за тоа.
„Во моментов не се размислува да се дозволи музика во угостителските објекти по 22:00 часот. Исто така останува и полицискиот час од полноќ до 6 часот. Во средината на овој месец, меѓу 15 и 20 ќе ја разгледаме состојбата“, одговори Братај, кој е член на Комитетот.
Еден подолг период во земјата имаше од два до пет новозаразени дневно, но според последните податоци на Министерството за здравство регистрирани се 15 нови случаи, починати нема а болнички се третираат шест од вкупно 81 активен случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.