Постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со ЕУ во Луксембург. Брнабиќ смета дека во иднина ваквиот преседан може да се користи од други земји-членки на ЕУ. Според неа, тоа е проблем со кој треба да се соочи Унијата, а не земјите-кандидати.
Видовме преседани дека некои пар-екселанс билатерални прашања, кои немаат никаква врска со европските интеграции на една земја, се поставуваат како непробоен ѕид на патот на европските интеграции на некоја друга наша соседна држава. Мислам дека тоа е опасен преседан и дека, за жал, можеби ќе биде користен од некои други членки на ЕУ. Мислам дека тоа не е европска вредност – рече Брнабиќ.
Таа алудира на одлуката на Бугарија да го блокира почетокот на преговори на ЕУ со Македонија поради билателарен спор, укажувајќи дека утре истото може да го прави Хрватска, Словенија или друга членка на ЕУ кон Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.