Државата во иднина нема да толерира насилство а упадот во РТС е вандалски чин на Ѓилас, Обрадовиќ, Јеремиќ кои сакаат да ја сменат оваа легитимно избрана власт.
Српската премиерка, Ана Брнабиќ најостро го осуди упадот на демонстрантите во зградата на РТС и упати порака дека државата нема намера во иднина да толерира насилство.
Најостро го осудувам насилството на Сојузот за Србија и еден дел од учесниците на проетстот кои упаднаа во зградата на РТС заканувајќи се на новинарите и уредниците на јавниот сервис. Овој вандалски чин на Ѓилас, Обрадовиќ, Јеремиќ јасно покажува дека уште од првиот ден планираат да предизвикаат нереди и на насилен начин да ја сменат легитимно избаната власт, рече Брнабиќ за Танјуг.
Србија е демократска земја во која граѓаните имаат право мирно да протестираат , но никој нема право да го демолира јавниот сервис и да гои загрозува животите на новинарите, подвлече премерката.
Таа порача дека ваквото насилство нема да го теолерира и им се заблагодари на полицајците кои професионално и со многу промислено делување избегнале поголем инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.