Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на  Македонија и испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини Спутник В, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.

Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.

-Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност.

Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Фајзер и 500.000 Синофарм, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, утрово медиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила.

Како што беше соопштено, одлучено е да по враќањето од Црна Гора, Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е ПЦР тест. Ова го демантираше премиерката Ана Брнабиќ, изјавувајќи дека оваа вест ја изненадила.

-Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без ПЦР тест. За сите други на кои не им е потребен ПЦР тест, се државјани на Мини Шенген –  Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија, изјави Брнабиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.