Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Според неа, атентатот бил детално и долго планиран, а требало да биде извршен на 27 јануари годинава, на откривање на споменикот на Стефан Немања во Белград.
Планиран е долго и детално. Формирани се паралелни структури во МВР и водени се кампањи во тајкунските медиуми кои ги пренесуваа медиумите во регионот за дехуманизација на Вучиќ и од него и неговото семејство направија криминален клан – рече Брнабиќ за ТВ Пинк.
Таа не наведе детали зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.
Ако го застрелаа Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: ‘Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство’. Се случуваа многу работи во МВР. Монструозно е колку добро таа мрежа беше поврзана – посочи Брнабиќ.
Таа нагласи дека надлежните служби се занимаваат со тие случаи и дека нема да бидат заштитени без разлика на „име и презиме, функција и партиска припадност“.
Знам дека Српската напредна партија е единствената партија во историјата на Србија која рече дека сите се третирани еднакво и дека нема заштитени – рече Брнабиќ.
Според неа, врз Вучиќ се врши притисок преку напади врз неговиот син Данило, бидејќи, како што кажа, не може да му забележат ништо што е поврзано со економските и политичките прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.