Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека мерките против корона вирусот ќе мора да бидат заострени.
Таа информира дека ќе има состанок со медицинскиот дел на Кризниот штаб, од каде инсистираат на такво нешто.
Сигурно ќе мора да ги заостриме мерките, но ќе видиме што може да се направи и што е најпаметно да се стор – изјави Брнабиќ во селото Јунковац во близина на Лазаревац, каде што посети пункт за вакцинација.
Брнабиќ им се заблагодари на граѓаните кои се вакцинирале и изјави дека тоа е „одговорно и пред себе и пред другите“.
Во овој момент имаме малку повеќе од 1,2 милиони вакцинирани со првата доза, а ревакцинирани се и околу 740.000 лица, така што вакцинирани се околу 21 процент од возрасната популација. Добро ни оди, имаме многу вакцини – изјави Брнабиќ.
Како што информира таа, утре во Србија ќе пристигне нова испорака на вакцини „Фајзер“, во текот на неделата ќе има нови залихи на „Спутник“, а во април се очекуваат и нови залихи на кинеските вакцини на „Синофарм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.