Со голема болка ја примивме веста за трагедијата што ја погоди вашата земја. Ова е многу тажен ден и граѓаните на Србија се со вас во овие тешки моменти, напиша Брнабиќ на Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ покрај телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев, во кој, како што соопштија од неговиот кабинет изрази сочувство и понуди „секаква братска помош“, исто така, тој изрази сочувство и на својот Твитер профил до семејствата на жртвите во Тетово и на граѓаните на  Македонија.

Бев крајно погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово. Споделуваме голема болка со луѓето од Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на  Македонија, а на повреденити брзо се опоравување, напиша Вучиќ на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.