Приказната за Ѓулдина Куртовиќ од Кладањ, која го пронајде британскиот војник кој и подарил плишано мече за време на војната во БиХ, го обиколи светот пред дваесетина години.

Оттогаш, оваа девојка од Кладањ успеа да им помогне на уште двајца војници да стапат во контакт со деца од земјата што ги запознале за време на истата војна, пишува „Дневни Аваз“.

Во 1993 година ги запознав војниците во Кладањ. Мене во 2000 година ме пронајде Питер Милнс од Англија, кој се сетил на мене од војната. Пред две години, друг британски војник, Ентони Милер, ми се јави за да му помогнам да ја пронајде девојката на сликата од Долни Вакуф. Приказната беше успешна, во тоа време ми помогна и „Дневни аваз“ – вели Куртовиќ.

Деновиве ја побарал друг британски војник, Питер Мур, кој бара момче од Игман.

Ми рече дека го сретнал додека момчето ги чувало овците на Игман. Потоа го замолил за цигара, а тој му дал  чоколадо. Ми рече дека имал желба да го види и да открие што му се случило – вели Куртовиќ.

Таа додава дека фотографиите на момчето од Игман се направени во текот на 1995 година, но дека војникот Питер Мур не се сеќава на името на момчето на сликата.

Molim da PODIJELITE POST. Dragi prijatelji, treba mi jedna pomoć. Još jedan britanski vojnik traži dječaka kojeg je…

Gepostet von Đuldina Kurtović am Mittwoch, 21. Oktober 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.