Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска на Твитер излезе со поддршка за отворањето на дебатата за борба против дезинформации и лажни вести.
Амбасадорката нагласува дека Велика Британија издвоила 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан.
Го поздравуваме отворањето дебата за борба против дезинформации и лажни вести. Велика Британија издвои 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан, средства со кои се поддржува слободата на говорот и се овозможува зголемување на избалансирани и непристрасни содржини – вели Галовеј во својот твит.
Амбасадорката не прецизира колку од тие пари се наменети за медиумите во Македонија и за што точно се трошат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.