Специјализираниот совет на Косово денеска потврди дека заменик претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Насим Харадинај, е осомничен за заплашување на сведоци.
Според Коха, првото појавување на Харадинај пред судија во Хаг ќе биде објавено подоцна.
За истото дело во петокот беше уапсен и водачот на Организацијата на воени ветерани на ОВК, Хисни Гуцати.
Адвокатот, Том Гаши, претходно денеска изјави дека Гуцати и Харадинај во моментов се во Хаг и дека наскоро се очекува и двајцата да се појават пред судија.
Двајцата се осомничени за попречување на правдата, и двајцата се во Хаг. Наскоро ќе се појават пред судија на претходна постапка кој ќе одлучи дали ќе им биде одреден притвор или не. Сепак, не е познато кога тој ќе се појави пред судија, рече Гаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.