На натпреварот Партизан – Војводина навивачите на црно-белите му оддадоа последна почит на убиениот водач на навивачката група Алкатраз Љубомир Марковиќ Киќа.

Иа источната трибина Гробарите закачиле транспарент „Брате, не го заслужи ова, Киќо, вечна ти слава“, јавува Телеграф.рс.

Ден по убиството на Киќа на стадионот на Партизан се чувствува тензија. Присутни се трите навивачки фракции, две позиционирани на исток и една, ударна, на јужната трибина, пишува Телеграф.

Сите три групи со пароли и скандирање му оддале почит на убиениот водач, а потоа навивачите на Алкатраз ја напуштила трибината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.